ТРИМЕД е семејна компанија специјализирана за производство и трговија со пчеларска опрема која е препознатлива кај домашната пчеларска фела под брендот “Bee City”. Фирмата е лоцирана во Охрид, а основана 2018 година. Континуирано работиме на развој на сопствена пчеларска фарма при што во моментов располагаме со 120-тина пчелни семејства.
Ценејќи го пчеларството како неодминлив дел од нашето окружување и есенцијална потреба за опстанок на целокупната флора и фауна, се бориме за зачувување на пчелите како единки во општеството преку одржување едукативни индивидуални и групни предавања во однос на третманите и заштитата на пчелите од болести и паразити.
Покрај пчеларството како примарна окупација, ТРИМЕД е сопственик на брендот “Styromania” кој претставува стиропорни и стиродурни изработки: реклами, фигури, имиња, свадбени декорации,…

Располагаме со 50м2 изложбен простор, со преку 500 артикли пчеларска опрема и уште преку 800 артикли разновидна храна и опрема за миленици.

Во состав на нашата компанија поседуваме пчеларник со преку 120 пчелни семејства, лоциран во чиста еколошка и мирна средина во општина „Дебрца“, недалеку од селото Велмеј.
Регистрирани сме како „Примарен производител“ во АХВ при што нашите пчелни производи може да бидат застапени во малопродажната мрежа ширум објектите во Р.Македонија.