ЗА НАС

ТРИМЕД е семејна компанија специјализирана за производство и трговија со пчеларска опрема која е препознатлива кај домашната пчеларска фела под брендот “Bee City”. Фирмата е лоцирана во Охрид, а основана 2018 година. Континуирано работиме на развој на сопствена пчеларска фарма при што во моментов располагаме со 70-тина пчелни семејства.

Ценејќи го пчеларството како неодминлив дел од нашето окружување и есенцијална потреба за опстанок на целокупната флора и фауна, се бориме за зачувување на пчелите како единки во општеството преку одржување едукативни индивидуални и групни предавања во однос на третманите и заштитата на пчелите од болести и паразити.

Покрај пчеларството како примарна окупација, ТРИМЕД е сопственик на брендот “Styromania” кој претставува стиропорни и стиродурни изработки: реклами, фигури, имиња, свадбени декорации,…